Пасивен buzzer
пиезо звучник
Мал звучник што свири на фреквенција што му ја даваш. Со него правиш алaрми, мелодии, потврди на притискање.
Отвори го курсот →Како работи
Пасивен buzzer е само пиезо-елемент — трепери со фреквенцијата на сигналот што го добива. ESP32 произведува квадратен сигнал со ledcWriteTone(pin, 1000) → чујеш 1 kHz. Активен buzzer има свој осцилатор и свири со еден тон веднаш кога ќе добие напон (со digitalWrite HIGH). Разликуваш ги така: активниот има залепен „печат“ одозгора и подолга нога означена со +.
Пинови и поврзување
| Пин | Што е | Каде се поврзува / зошто |
|---|---|---|
| + (S) | Сигнал / позитивен | → GPIO (PWM) пин. Може преку 100 Ω за потивко. |
| − | Маса | → GND. |
Спецификации
Напон3 – 5 V
Струја< 30 mA
Резонантна фреквенција~2 kHz (најгласно)
Опсег100 Hz – 10 kHz
Совети и типични грешки
- Пасивниот buzzer со digitalWrite(HIGH) само ќе „кликне“ — треба тон (PWM).
- За мелодија: секоја нота е фреквенција (C4 = 262 Hz, A4 = 440 Hz).