PinLab › Проекти

ESP32 проекти за почетници

Проекти со ESP32 чекор по чекор: шема на поврзување, код и објаснување.

#01Почетник

Трепкачка LED

Првата програма на секој микроконтролер: пали и гаси LED секоја секунда. Учиш што е дигитален излез, зошто треба отпорник и како изгледа бесконечниот loop().

#02Почетник

Копче пали LED

Првиот дигитален влез. Притискаш копче → LED свети. Учиш што е pull-up отпорник и зошто пинот чита „1“ кога ништо не е притиснато.

#03Почетник

Димер со потенциометар

Вртиш копче → LED-та постепено свети посилно. Два нови концепта: аналоген влез (ADC, 0–4095) и аналоген излез преку PWM (0–255).

🔒
#04Почетник

Семафор

Три LED-и кои се менуваат по ред: црвена → црвена+жолта → зелена → жолта. Повеќе излези, временска секвенца и прв сопствен функција.

🔒
#05Средно

Температура и влажност

Прв вистински сензор. DHT22 ти праќа температура и влажност по една жица; ти ги печатиш во Serial Monitor. Учиш да инсталираш и користиш библиотека.

🔒
#06Средно

Паркинг сензор

HC-SR04 мери растојание, а buzzer-от свири побрзо колку си поблиску — како паркинг сензор на автомобил. Учиш за 5 V модули, делител на напон и мерење време со pulseIn().

🔒
#07Средно

Серво со потенциометар

Вртиш потенциометар → сервото го следи аголот 0–180°. Прв мотор, прв уред кој зема повеќе струја, и библиотека ESP32Servo.

🔒
#08Средно

Метеостаница на OLED

Температурата и влажноста од DHT22 ги прикажуваш на OLED дисплеј — без компјутер. Учиш I2C комуникација и цртање текст и графика.

🔒
#09Напредно

Детектор на движење + реле

PIR сензор открива движење и ESP32 вклучува реле (лампа, вентилатор) на 10 секунди. Учиш за 5 V модули со 3.3 V излез, релеи и безбедно управување со поголеми товари.

🔒
#10Напредно

Контрола преку WiFi

ESP32 се поврзува на твојот WiFi и подига мала веб-страница. Од телефон палиш и гасиш две LED-и. Ова е местото каде ESP32 го надминува Arduino.