DHT22 / AM2302
сензор за температура и влажност
Дигитален сензор кој мери температура (−40…+80 °C) и релативна влажност (0–100 %) и ги испраќа по еден пин. Побраќот му DHT11 е поевтин но помалку точен.
Отвори го курсот →Како работи
Внатре има капацитивен сензор за влага и термистор, плус мал чип што ги дигитализира. ESP32 го „прашува“ со краток импулс на DATA линијата, а сензорот одговара со 40 бита (влажност, температура, контролна сума) по сопствен едножичен протокол. Библиотеката DHT.h на Adafruit го прави сето тоа. Читање е дозволено на секои 2 секунди.
Пинови и поврзување
| Пин | Што е | Каде се поврзува / зошто |
|---|---|---|
| VCC (пин 1) | Напојување | → 3V3 (работи и на 5 V, но 3.3 V е посигурно за ESP32). |
| DATA (пин 2) | Едножичен дигитален сигнал | → GPIO (пр. 4). Потребен pull-up 10 kΩ меѓу DATA и VCC кај голиот сензор. Модулот со 3 пина го има вграден. |
| NC (пин 3) | Не се поврзува | Празно. |
| GND (пин 4) | Маса | → GND. |
Спецификации
Температура−40 … +80 °C, ±0.5 °C
Влажност0 – 100 % RH, ±2 %
Напојување3.3 – 6 V
Струја1.5 mA при мерење
Периодмакс 1 читање / 2 s
БиблиотекаAdafruit DHT sensor library + Adafruit Unified Sensor
Совети и типични грешки
- Прво читање после палење често е NaN — нормално, почекај 2 s.
- Ако постојано враќа NaN: провери pull-up отпорник и дали DATA е на правилен пин.
- Не го ставај веднаш покрај ESP32 — чипот се загрева 2–3 °C и ќе го „лаже“ сензорот.