DS18B20
дигитален сензор за температура (и водоотпорна верзија)
Прецизен температурен сензор (±0,5 °C) што праќа дигитална вредност по една жица. Постои како мал транзистор (TO-92) и како водоотпорна сонда за вода, почва или фрижидер.
Отвори го курсот →Како работи
Користи протокол 1-Wire: една податочна линија (DQ) со pull-up отпорник 4,7 kΩ кон 3,3 V. Секој сензор има уникатен 64-битен сериски број, па на иста жица може да висат десетици сензори. ESP32 вели „мери“, сензорот мери до 750 ms (на 12-битна точност), потоа ја враќа температурата. Библиотеките OneWire и DallasTemperature го прават сето тоа.
Пинови и поврзување
| Пин | Што е | Каде се поврзува / зошто |
|---|---|---|
| GND | Маса (лева нога, рамна страна кон тебе) | → GND. |
| DQ | Податоци (средна нога) | → GPIO (пр. 4) + 4,7 kΩ кон 3,3 V. |
| VDD | Напојување (десна нога) | → 3V3. |
Спецификации
Опсег−55 до +125 °C
Точност±0,5 °C (−10…+85 °C)
Резолуција9–12 бита (0,5–0,0625 °C)
Време на мерењедо 750 ms на 12 бита
Напојување3,0–5,5 V
Совети и типични грешки
- Читаш −127 °C? Сензорот не се гледа — нема pull-up, или е свртен наопаку.
- Читаш 85 °C? Тоа е вредноста при палење: прочитал пред да заврши мерењето.
- Свртен наопаку се загрева многу брзо — исклучи веднаш!