L298N двоен мост
драјвер за DC мотори
Овозможува ESP32 да управува два DC мотора (насока и брзина) кои бараат многу повеќе струја од што може да даде еден пин.
Отвори го курсот →Како работи
H-мостот е 4 транзистори околу моторот. Со IN1/IN2 бираш кои два се вклучени → струјата тече лево-десно или десно-лево → моторот се врти напред или назад. На ENA даваш PWM → брзина. Модулот се напојува со 7–12 V за моторите, а внатрешен регулатор дава 5 V (може да напојува и ESP32 преку VIN ако го оставиш џамперот).
Пинови и поврзување
| Пин | Што е | Каде се поврзува / зошто |
|---|---|---|
| 12V (VCC) | Напојување за моторите | 6 – 12 V од батерија/адаптер. |
| GND | Маса | Задолжително заеднички со GND на ESP32. |
| 5V | Излез 5 V (со џампер) / влез | Може → VIN на ESP32 ако влезот е 7–12 V. |
| ENA / ENB | Enable (брзина) за мотор A / B | → PWM GPIO. Со џампер = постојано полна брзина. |
| IN1, IN2 | Насока мотор A | → 2 GPIO. 10 = напред, 01 = назад, 00/11 = стоп. |
| IN3, IN4 | Насока мотор B | → 2 GPIO. |
| OUT1, OUT2 | Мотор A | Двата терминала на моторот. |
| OUT3, OUT4 | Мотор B | Двата терминала на моторот. |
Спецификации
Напон мотори5 – 35 V
Струја2 A по канал (континуирано)
Пад на напон~2 V (моторот добива помалку)
Логички влез3.3 V OK
Совети и типични грешки
- L298N е стар и „троши“ 2 V. Модерна алтернатива: TB6612FNG или DRV8833 — поефикасни и помали.
- Моторите прават шум на напојувањето — додај 100 µF кондензатор и никогаш не ги напојувај од USB на ESP32.