LCD 1602 со I2C модул
2 реда × 16 знаци, само 4 жици
Класичен текстуален дисплеј со зелено или сино позадинско светло. Прикажува 2 реда по 16 знаци. Со малиот I2C модул (PCF8574) на задната страна, место 16 жици ти требаат само 4.
Отвори го курсот →Како работи
Самиот LCD има паралелен интерфејс (8 податочни линии + контролни). Модулот PCF8574 е „претворач“: прима I2C команди од ESP32 и ги поставува тие линии. Библиотеката праќа команди по I2C на адреса 0x27 (понекогаш 0x3F). Сè што ќе напишеш со lcd.print() останува на екранот додека не го избришеш. Сината вртечка на модулот е контрастот: ако гледаш само квадратчиња или ништо, сврти ја.
Пинови и поврзување
| Пин | Што е | Каде се поврзува / зошто |
|---|---|---|
| GND | Маса | → GND. |
| VCC | Напојување 5 V | → VIN (5 V). На 3.3 V текстот е речиси невидлив. |
| SDA | I2C податоци | → GPIO 21. |
| SCL | I2C такт | → GPIO 22. |
Спецификации
Знаци16 × 2 (5×8 точки)
Напојување5 V, ~20–30 mA со светло
I2C адреса0x27 или 0x3F
МодулPCF8574
Контрастпотенциометар на модулот
Совети и типични грешки
- Екранот свети но нема текст? Сврти го контрастот со мал шрафцигер.
- Не знаеш адреса? Пушти I2C скенер (во Arduino IDE: File → Examples → Wire → WireScan).
- Модулот има pull-up отпорници кон 5 V. Повеќето ESP32 тоа го трпат, но најбезбедно е со level shifter или LCD верзија за 3.3 V.