OLED дисплеј 0.96″ (SSD1306)
128×64 пиксели, I2C
Мал монохроматски дисплеј со одличен контраст. Пишуваш текст, цртaш графикони, прикажуваш вредности од сензори. Само 4 жици.
Отвори го курсот →Како работи
Комуницира преку I2C — две линии: SDA (податоци) и SCL (такт). ESP32 е „master“ и му праќа на адреса 0x3C што да нацрта. Библиотеката Adafruit_SSD1306 чува копија на екранот во меморија (1 kB); ти цртaш во неа со print(), drawLine()… и на крај викаш display() за да се прикаже.
Пинови и поврзување
| Пин | Што е | Каде се поврзува / зошто |
|---|---|---|
| GND | Маса | → GND. ВНИМАНИЕ: кај некои модули редоследот е VCC-GND-SCL-SDA — прочитај ја ознаката на плочката! |
| VCC | Напојување | → 3V3 (модулот има регулатор, трпи и 5 V). |
| SCL (SCK) | I2C такт | → GPIO 22 (стандарден SCL на ESP32). |
| SDA | I2C податоци | → GPIO 21 (стандарден SDA на ESP32). |
Спецификации
Резолуција128 × 64
Дијагонала0.96″ (24 mm)
ИнтерфејсI2C, адреса 0x3C (ретко 0x3D)
Напојување3.3 – 5 V, ~20 mA
Бојабела, сина или жолто-сина
БиблиотекиAdafruit SSD1306 + Adafruit GFX
Совети и типични грешки
- Не се прикажува ништо? 1) провери адреса со I2C scanner, 2) дали си викнал display(), 3) заменети SDA/SCL.
- OLED пикселите стареат — не оставај ист статичен текст денови без промена.
- I2C дозволува повеќе уреди на истите две жици — OLED + сензор заедно без проблем.