PinLab › Компоненти › Релеен модул 5 V
SRD-05VDC NCCOMNO VCCGNDIN

Релеен модул 5 V

прекинувач за големи товари

Електромагнетен прекинувач: со 3.3 V сигнал од ESP32 вклучуваш/исклучуваш лампа, пумпа, греалка — електрично изолирано од микроконтролерот.

Отвори го курсот →

Како работи

Кога IN добие сигнал, транзистор на модулот пушта струја низ калемот на релето. Калемот е електромагнет што привлекува метална плочка и ја префрла од NC (нормално затворен) на NO (нормално отворен) контакт. Товарот се поврзува меѓу COM и NO — така е исклучен кога ESP32 е изгаснат. Повеќето модули се активни на ниско (LOW = вклучено). Оптокаплерот (ако има) целосно ги изолира двете страни.

Пинови и поврзување

ПинШто еКаде се поврзува / зошто
VCCНапојување на калемот→ VIN (5 V). Калемот бара ~70 mA.
GNDМаса→ GND.
INКонтролен сигнал→ GPIO (пр. 26). Кај active-low модули LOW = вклучено.
COMЗаеднички контакт (винт)Едниот крај на товарот / фаза.
NOНормално отворенСе спојува со COM само кога релето е активно. Користи го за товари што треба да се ИСКЛУЧЕНИ по дифолт.
NCНормално затворенСпоен со COM кога релето е НЕАКТИВНО.

Спецификации

Контролен напон5 V (работи и со 3.3 V сигнал на IN кај повеќето)
Контакти10 A @ 250 VAC / 10 A @ 30 VDC
Струја на калемот~70 mA
Време на префрлање~10 ms
Изолацијаоптокаплер (кај модули со JD-VCC џампер)

Совети и типични грешки

Се користи во проектите