PinLab › Компоненти › WS2812B прстен (NeoPixel)
12× WS2812Bone data wire DIN5VGND

WS2812B прстен (NeoPixel)

12 RGB LED, една жица за сите

Прстен со 12 „паметни“ RGB LED. Секоја LED има свој мал чип, па на секоја поединечно ѝ задаваш боја, а сите се поврзани на ЕДНА податочна жица.

Отвори го курсот →

Како работи

ESP32 праќа 24 бита по LED (8 за зелена, 8 за црвена, 8 за сина) со строго тајмирани импулси. Првата LED ги зема своите 24 бита и остатокот го препраќа на следната (DIN → DOUT), и така по ред. Библиотеката Adafruit_NeoPixel го прави тајмингот наместо тебе: setPixelColor(i, боја) ја менува бојата во меморија, а show() ја праќа целата лента.

Пинови и поврзување

ПинШто еКаде се поврзува / зошто
DINВлез за податоци→ GPIO (пр. 13) преку отпорник 330 Ω.
5V (VCC)Напојување→ VIN (5 V). Секоја LED на полна бела зема до 60 mA!
GNDМаса→ GND, заеднички со ESP32.
DOUTИзлез кон следниот прстенНе се поврзува, освен ако надоврзуваш уште LED.

Спецификации

LED12 × WS2812B (5050)
Напојување5 V
Струјадо 60 mA по LED (бела, полна јачина)
Бои24 бита (16,7 милиони)
Податоци800 kHz, една жица

Совети и типични грешки

Се користи во проектите