Отпорник
220 Ω, 1 kΩ, 10 kΩ…
Ја ограничува струјата и ги дели напоните. Најчеста компонента во секое коло. Вредноста се чита од бои на телото.
Отвори го курсот →Како работи
Омов закон: I = U / R. Поголем отпор → помала струја. Три главни улоги во проектите: (1) ограничување на струја за LED (220 Ω); (2) pull-up/pull-down — држи пин на дефинирана состојба (10 kΩ); (3) делител на напон — од 5 V правиш 3.3 V (1 kΩ + 2 kΩ), или читаш LDR/термистор.
Пинови и поврзување
| Пин | Што е | Каде се поврзува / зошто |
|---|---|---|
| Крај 1 | Нема поларитет | Може да се врти во двете насоки. |
| Крај 2 | Нема поларитет | — |
Спецификации
Моќност1/4 W (стандардни за breadboard)
Толеранција±5 % (златна линија) или ±1 % (кафена)
Боја → цифрацрна 0, кафена 1, црвена 2, портокалова 3, жолта 4, зелена 5, сина 6, виолетова 7, сива 8, бела 9
Читање 4 линиицифра · цифра · множител · толеранција
220 Ωцрвена · црвена · кафена (×10)
1 kΩкафена · црна · црвена (×100)
10 kΩкафена · црна · портокалова (×1000)
4.7 kΩжолта · виолетова · црвена
Совети и типични грешки
- Не можеш да го „прегориш“ со ESP32 — 1/4 W е повеќе од доволно за сите проекти овде.
- Нема 220 Ω? 330 Ω или 470 Ω исто работат, LED-от ќе свети малку послабо.
- Мултиметар на Ω е најбрзиот начин да провериш вредност ако не ти се чита бојата.